| четврток, 6 декември 2018 |

Сеизмометри кај Косел мерат евентуални тектонски движeња

kosel

За да се исклучат какви било можности од создавање непотребна паника кај населението за некаква активност на сулфатарата „Дувало“ кај Косел, синоќа на теренот беа поставени сеизмометри, што ќе ја следат состојбата со евентуални тектонски движења.

Стручњаци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-матемаричкиот факултет во Скопје и на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија појаснуваат дека поставената апаратура ќе регистрира и најмали придвижувања во Земјината кора, и во истиот момент се што се случува на теренот ќе биде проследено до Сеизмичката опсерваторија во Скопје.

Според професор доктор Драгана Черних од Сеизмолошката опсерваторија, ќе биде регистрирана и минимална сеизмичка активност од сеизмометрите затоа што апаратите се поставени непосредно до вулканот, така што ќе бидат регистрирани и најмали земјотреси, чијашто магнитуда е блиску до нулата.

Тоа што го истакна Черних е дека нема никакви навестувања на зголемена сеизмична активност на теренот. Портпаролот на Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија, Мите Димевски, нагласи дека сеизмолошката апаратура се поставува превентивно за да се исклучи каква било опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top