
Популарниот актер Роуан Аткинсон, познат по улогата на „Господин Бин“, му помогнал на човек кој бил повреден во сообраќајна несреќа во Италија, објавија британските медиуми.
Аткинсон бил дел од група љубители на автомобили кои патувале низ италијанскиот регион Тоскана, кога спортско возило што го управувал еден американски бизнисмен излетало од патот и удрило во дрво на врвoт на една нагорнина.
Тогаш на сцена стапил храбриот „Господин Бин“, и уште пред полицијата и брзата помош да стигнат на местото на несреќата, му помогнал на повредениот возач.
Медиумите наведуваат дека „Американецот што го спасил Господин Бин“, потоа со хеликоптер бил пренесен во болницата во Пиза и дека е вон животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


