
Во кариерата што ја гради 23 години, тој може да се пофали со 22 главни улоги во Македонскиот народен театар, по три во Драмски и во струмичкиот и една во родното Kуманово, пет во алтернативни претстави, 20 филма. Дури и тој, Тони Михајловски е изненаден од сопствените резултати, искрено призна завчера на првата средба „Двајца за чај“, што се одржа во неговиот матичен МНТ, а по идеја на театрологот Јелена Лужина. Симпатичната форма на дружба со актери на националниот театар, во која се пие чај и се прави муабет, допрва ќе се развива. Kако што најави Лужина, терминот ќе биде од 18 часот, кога во Англија е 17 часот и се пие чај и ќе траат по 45 минути. Разговорите се снимаат, а ќе може да се прочитаат во книга.
– Ледокршач е зборот што совршено му одговара и затоа средбиве ги почнавме токму со човекот кој може да ги совлада сите и убави и помалку убави работи на овој свет. Има импресивна кариера – по 2.43 проекта годишно. Земајќи предвид дека работел уште многу други работи (маркетинг-директор, менаџер на спа-центар, портпарол на специјална единица…), тоа сериозно личи на светски рекорд – рече Лужина.
– Ние актерите сме мали куклички што сакаат да бидат исчешлани и да си бидат на свое место. На актерите ни останаа два фестивала „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и „Ристо Шишков“ во Струмица. Врвот е на стари години да ви направат ТВ-портрет. Театрите мора да водат посериозна грижа за своите актери – категоричен е Михајловски.
Заедно со првенецот на МНТ, Никола Ристановски, во првата година на Факултетот за драмски уметности, биле советувани да се откажат од глума зашто биле неталентирани.
– На Никола му предложија да се запише на драматургија или на книжевност оти имал говорна мана, а мене – на Факултетот за физичка култура (ДИФ). Најголемиот виновник што ние денес се занимаваме со театар е Владимир Милчин, кој ни даде втора шанса. Со неколку колеги многу брзо влеговме во театрите. Ја имавме честа да работиме со Џувалековски, Стојановски, Чоревски… Износевме големи проекти, а „Kрик“ на Блаже Миновски ни беше прва претстава во која ги изигравме Гоце Делчев, цар Самуил. Тогаш ја добив првата награда за млад актер на фестивалот во Прилеп, а следната година ја земав истата награда повторно – се смее Михајловски, кој покрај себе го имаше дрвениот бастун, реквизитот од легендарната „Буре барут“, на кој по секоја изведба врежувал цртки.
НЕСУДЕН МЕТАЛОСТРУГАР
По инсистирање на неговиот татко, се запишал во ЕМУЦ во Kуманово, зашто како што се шегува – браварството во тоа време било многу почитувана професија. Но, не покажал никаков интерес за образованието и не учел.
– За среќа, од девет години одев во драмска секција и така компензирав. Прва улога ми беше детето со леталото од „Том Соер“. Толку многу ги знаев текстовите напамет, што многу често ги заменував другарите кога беа полни. И во извидничката секција имавме театарска група и работевме дела од Брехт и ништо не разбиравме зашто игравме со аматерска дистанца – вели Михајловски.
Целиот текст прочитајте го во Дневник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


