Четириесет и шестгодишниот Ѓорѓи С. од Скопје е лицето што утринава го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила околу 8 часот на улицата „Драчевска“.
Според првичните информации, несреќата се случила кога товарно возило „ТАМ“ удрило во ограда по што возачот починал на самото место.
Полицискиот увид е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



