| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА сакала Добрица Ќосиќ да го земeни Тито

Dobrica-Ćosić-1

Српскиот писател Добрица Ќосиќ, која неодамна почина во 93. година од животот, непоредно пред смртта остави белешки кај својот пријател и издавач Слободан Гавриловиќ, за кои имаше аманет да ги објави откако ќе почине.

Тие двајца 36 години разговарале на секакви теми, а Гавриловиќ тоа го забележал и со камера.

Меѓу многуте работи, Ќосиќ, или како што Србите го нарекуваа „Татко на нацијата“ зборува и за понудата од ЦИА тој да го земени Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на СФРЈ.

– Дваесетина дена по смртта на Тито ме конктактираше мојот издавач од Америка и побара итно да дојдам во Лондон. И јас со ќерка ми, која одлично говори англиски заминавме за Лондон. Имавме резервација во ексклузивниот хотел „Клервиџ“, а јас знам дека само Тито и саудиските кралеви престојуваат таму. Ние се сместивме во обичен хотел и потоа заминавме на ручек со мојот издавач. Тој ми соопшти дека е претставник на ЦИА и ми пренесе порака од Централната информативна служба: Американската и руската влада сакаат да му најдат заменик на Тито. Има двајца кандидати – Ѓилас и Вие. ЦИА смета дека вие сте помлад и популарен од Ѓилас. Ставот е Вие да го замените Тито и да ја преземете власта во СФРЈ – раскажува Ќосиќ во белешките. Тој на својот издавач му го пренел својот став.

– Ја одбив понудата на Тито, ќе ја одбијам и Вашата понуда. Немам таква способност – му рекол Ќосиќ на својот издавач.

– Вие нема ништо да правите. За вас ќе работат службите. Ќе добите и Нобелова награда за книжевност – му кажал издавачот на Ќосиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top