| четврток, 6 декември 2018 |

Ума Турман и Квентин Тарантино се заедно?

The Weinstein Company With The Hollywood Reporter, Samsung Galaxy And The Cinema Society Host A Screening Of "Django Unchained"  - Arrivals

Американскиот режисер Квентин Тарантино и актерката Ума Турман наводно се во врска, пишуваат американските медиуми. Тарантино и Урман се пријатели веќе 20 години и сега одлучиле својата врска да ја пренесат на друго ниво, пишува „Ју Ес Викли“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Двојката наводно ја започнала врската откако Ума ја раскинала свршувачката во францускиот бизнисмен Арпад Бусон минатиот месец. Долгогодишното пријателство на 44-годишната Ума и седум години постариот Квентин прераснало во романтична врска.

Тарантино и Турман на годинешниот филмски фестивал во Кан кој заврши неодамна, на премиерите повеќе пати се појавувале заедно. На црвениот тепих дошле држејќи се за рака, а во еден момент и танцувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top