| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија во поплавите животот го загубија 24 лица

Floods recede in Serbia
Бројот на жртвите од поплавите во Србија достигна 24 лица, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Како што јави Танјуг, меѓу жртвите, за кои со аутопсија е потврдено дека се удавиле во поплавите, се наоѓа и еден пожарникар. Во лизгање на земјиштето загинало уште едно лице, а на територијата на осумте поплавени општини 26 луѓе починале од природна смрт. Вучиќ истакна дека уште четири лица се водат како исчезнати.
Под вода се наоѓаат уште осум проценти од територијата на градот Обреновац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top