
Кочо Анѓушев, сопственикот на компанијата „Енерџи диливери солушнс“ (ЕДС) најави дека малите компании ќе добијат и до 40 отсто посевтина струја како и пролонгирање на рокот за потпишување на договори со снабдувачите или трговците со струја.
– Од 1 септември ќе бидат опфатени меѓу 15 и 20 илјади компании кои трошат околу 2.000 гигават часови електрична енергија или 20 проценти од пазарот. Тие треба да потпишат договори до 15 септември, но рокот најверојатно ќе биде продолжен – рече Анѓушев.
Можно е рокот да биде пролонгиран до 15 ноември за да им се овозможи на компаниите полесно донесување на одлуки за тоа од каде ќе се снабдуваат со струја и да се остави место за појава на нови играчи на пазарот на енергија.
Најголема заштеда од 40 отсто ќе добијат фирмите кои се приклучени на вториот тарифен степен односно малите компании за кои не е задолжително мерење на моќност. За останатите компании просечното намалување ќе биде од 25 до 30 отсто, вели Анѓушев.
Од април годинава со елетрична енергија почнаа да се снабдуваат средните претпријатија и досега не се појавил никаков проблем. ЕДС снабдуваат 70 компании од вкупно 200 кои побаруваат 320 мегавати електрична енергија.
– Бенефит има за компаниите, а тоа го покажуват и сметките кои веќе ги добија и кај сите покажуваат намалување. Кај Брако за 27 отсто, Гранит 35 отсто, кај банките над 40 отсто – вели Анѓушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


