| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ги прими акредитивите на новоименуваните амбасадори

garet 640

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Полска, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Народна Република Кина и Република Албанија.

На предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Едмонд Гарет, претседателот Иванов изрази очекуање за натамошно интензивирање на соработката и поддршка на патот кон ЕУ и НАТО.

Новоименуваниот британски амбасадор ја потврди поддршката од Обединетото Кралство за македонските аспирации за приклучување кон ЕУ и НАТО.

– Би сакал да ја видам Република Македонија во рамки на евро-атлантското семејство на народи. Посветеноста на Република Македонија и придонесот кон одржувањето на меѓународната безбедност и градење на мирот е добро позната. Ја користам оваа прилика да ја искажам почитта кон придонесот на Македонија во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ООН и вашата амбиција да продолжите со тој придонес – истакна во обраќањето амбасадорот Гарет.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Вен Џеншун, двајцата соговорници изразија подготвеноста за активна и блиска соработка и натамошно унапредување на пријателските односи, a со новиот амбасадор на Република Албанија, Петрит Бушати, се потврди интересот за натамошно развивање на добрососедството, билатералната соработка и остварување на заедничката стратешка определба – членството во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top