| четврток, 6 декември 2018 |

Русија, Белорусија и Казахстан формираа Евроазиски економски сојуз

Лидерите на Русија, Белорусија и Казахстан потпишаа договор за создавање на Евроазиски економски сојуз, што треба да ги зголеми економските и трговски врски меѓу поранешните советски републики.

Russia, Kazakhstan and Belarus sign Eurasian Union treaty

Документот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, белорускиот колега Александар Лукашенко и казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, ќе стапи во сила од 1 јануари 2015 година, пренесува ИТАР-ТАСС.

Во казахстанскиот главен град Астана, Путин изјави дека договорот ја става соработката меѓу трите земји на ново ниво. Според него новиот сојуз ќе помогне да се формира привлечен центар за економски развој и ќе овозможи трите земји целосно да го користат својот економски потенцијал и силата на позициите на глобалниот пазар.

Новиот сојуз е развиен од Царинската унија, составена од трите земји. Освен слободна трговија, тој ги координира финансиските системи на земјите и регулира индустриската и земјоделска политика, како и пазарот на труд и транспорниот систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top