Во пресрет на закажаниот концерт во арената „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи на 31 мај и еден ден пред неговиот роденден популарниот Здравко Чолиќ, денеска го промовираше новиот видео запис за песната „Огин и барут“.
Новиот спот се снимаше на 6 и 7 мај на локации во Охрид и Скопје. Во видеото, покрај Чолиќ, како специјален гостин се појавува и македонската музичка легенда Влатко Стефановски, а своја улога има и моделот Натали Грубовиќ.
Спотот е во продукција на Лемон маркетинг, во соработка со Томато продукција – Скопје, продуцент е Бане Поповиќ, а режијата му е доверена на Игор Иванов – Изи.
Ова музичко видео е замислено како своевидно патување низ времето и во пост-модерен манир поврзува различни локации и стилови, претставувајќи ја Македонија преку нејзиното древно наследство и денешницата.
Низ појавата на Чолиќ и Стефановски се проткајува приказна, чиj фокус е љубовниот копнеж на една дама, која на крајот го пронаоѓа својот животен сопатник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.