| четврток, 6 декември 2018 |

Ле Пен: Ќе формираме крајнодесничарска група во ЕП, но без „Златна Зора“

Лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, изјави дека ќе прави крајнодесничарска политичка група во новиот Европски парламент, но без грчката Златна зора, пишува „Та неа“.

Marine Le Pen, France's National Front leader, speaks during a news conference the day after the first round of local elections at the party headquarters in Nanterre

Таа ова го изјавила на прес-конференција во Брисел заедно со лидерот на холандската националистичка Партија на слободата, Геерт Вилдерс, и со претставници на австриските, италијанските и на белгиските националисти.

За формирање политичка група во ЕП се потребни најмалку 25 пратеници од седум земји.

Марин Ле Пен изјави дека моментално Националниот фронт не располага со таков број на земји и дека засега има особено стабилна база од 38 пратеници од пет земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top