По поројните дождови кои ја зафатија Чешка изминатите неколку дена, поплавени се седум општини во источниот дел на земјата, а најпогодени се стотина домаќинства. Нивоата на реките во најзагрозената област во Јесенице, од синоќа веќе се намалува и се наоѓаат на прв степен на опасност од поплави. Автомобилскиот сообраќај се одвива без проблеми, додека локалната железничка линија меѓу Писечна и Микуливице е затворена.
Според метеоролозите, поради очекуваниот дожд, денеска се очекува покачување на нивото на реките Бероунка и Влтава која тече низ чешката метропола. Поради опасност од појава на прв степен на опасност од поплави во Прага, во одделни делови на градот превентивно ќе бидат затворени неколку насипи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.