| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешката полиција го „симна“ Гринпис од нафтената платформа

NORWAY-ENVIRONMENT-GREENPEACEНорвешката полиција прекина протесна акција на „Гринпис“. Активистите протестираа на платформата „Трансоушн шпицберген“ на компанијата „Статоил“ во Баренцовото море.

„Трансоушн шпицберген“ ќе го продолжи патот кон наоѓалиштето „Аполо“.

„Статоил“ има дозвола да започне работа, но компанијата планира да го почека одговорот од Министерството за животна средина по жалабата на „Гринпис“ пред да почне со истражувањето.

Еколозите од „Гринпис“ изјавија дека нема да се вратат на својот број пред „Статоил“ да се откаже од плановите за истражување на Арктикот. Тие повикаа на ново истражување на Норвешкот поларен институт, според кое компанијата ќе ја наруши законската забрана за истражување на помалку од 50 километри од границата на сантите мраз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top