Сара Мејс по нејзиниот хит „Врне, врне“ кој во изминатиот период е како химна поради лошото време, сега реши да го повика сонцето назад.
Идната недела на фестивалот „Макфест“ Сара ќе ја промовира песната „Денот да е убав“, за која вели дека ја направила на барање на нејзините фанови каде пее за убаво време и сонце.
– Снимив една весела песна за на „Макфест“ и едвај чекам да и ја презентирам на јавноста. Станува збор за песна во која се пее за еден убав ден. После „Врне, врне“, еве нешто поживо од мене што носи сончева порака – низ насмевка коментира младата пејачка, која се потпишува како комплетен автор на песната.
Освен подготовките околу „Макфест“, таа постојано е затворена во студио, каде што работи на снимање нови песни кои треба да се најдат на нејзиниот албум-првенче, за кој се надева дека ќе излезе наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.