Лидерот на СДСМ Зоран Заев доцна синоќа преку брза пошта достави до власта три услови кои бараат итно да се исполнат за да се врати опозицијата во собранието.
Првото барање е премиерот Груевски да изврши притисок врз САД за целосно да го укинат проектот ХААРП, потоа да се протера американскиот амбасадор затоа што пиел кафе со Латас и на крајот да се распишат нови избори на кои секој глас за опозицијата ќе се брои двојно.
Ако Груевски му ги исполни овие три барања, Заев е подготвен уште утре да ја преземе власта и на писмено да гарантира дека повеќе никогаш во животот нема да тресе зелени.
– Бараме Груевски да преземе одговорност како премиер да го реши проблемот со ХААРП системот кој според некои теории на заговор влијаел само на климата на Балканот, а со тоа нели и во Македонија. Власта ја прикрива целата вистина и се обидува да манипулира со јавноста. Нашата независна експертска анализа направена од мешовит тим опозициски и странски експерти, покажа дека ХААРП системот не влијае само на времето и на чудните природни појави кои ни се случуваат во последно време, туку и на мозокот на луѓето и на начинот на кој размислуваат. Јас доброволно се пријавив да бидам дел од истражувањето и научниците утврдија дека поради зрачењето на овој систем речиси секојдневно кажувам по некоја глупост, имам нелогични ставови, немам средена мисла, просто кажано не знам реченица да сврзам… Не дај боже да треба смислам политичка програма… Проблемот е очигледен и без да го реши власта не можеме да очекуваме дека некогаш ќе имаме фер избори или пак дека опозицијата ќе победи, вели Заев.
Лидерот на опозицијата тврди дека тој е жртва на заговор на повеќе центри на моќ во државава и во САД кои стравувале дека ако дојде на власт не само што ќе се вратела средната класа во Македонија, туку и ќе се врателе сите иселеници од САД во земјава што ќе предизвикало шок на американската економија.
Еден од заговорниците бил и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс кој додека пиел кафе со Латас му дал тајни фотографии направени од ЦИА на кои се гледаат џиновски струмички пиперки и домати кои биле спремни за извоз во Грција и Бугарија и тоа по багателни цени како знак на добра воља во преговорите за името. Заев тврди дека има аудио снимка од разговорот на Волерс и Латас кој ќе го објави деновиве каде што двајцата договарале предизвикување низа меѓудржавни проблеми со овие две соседни земји со цел да му скапат пиперките на Заев. Токму затоа опозицискиот лидер бара протерување на предавникот Волерс поради велепредавство на другарите од Бихаќка.
Последното, но не и најмалку важното барање на Заев е промена на Изборниот законик со која секој глас на опозицијата ќе се брои два пати, затоа што така било најфер и најдемократски, а со тоа власта ќе покажела дека има вистински демократски капацитет да спроведе регуларни избори.
– Не може гласот на човек што гласал за СДСМ да се брои исто со тој што гласал за ВМРО ДПМНЕ. Не може паметен човек да биде исто што и глуп човек. Па на секој нормален му е јасно дека гласачите на СДСМ се барем два пати попаметни од овие на ВМРО ДПМНЕ. Според таа проста математика секое ливче на СДСМ мора да се пресметува двојно. Тогаш совршено ќе се поклопи и анкетата на Рејтинг направена пред изборите со која се прогнозираше победа на опозицијата, вели Заев.
Од Илинденска потврдија дека условите на Заев ги добиле преку брза пошта на заден влез во зградата на владата и дека сериозно се разгледува можноста за нивно исполнување.
Калимеро
*** Целта на „Калимеро“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Калимеро
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


