| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ќе се сретне со Порошенко на 3 јуни во Варшава

obama1-1
Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со избраниот за претседател на Украина Петро Порошенко на 3 јуни во Варшава, тврди рускиот весник „Комерсант“.

Информацијата бил потврдена без дополнителни детали и пред ИТАР-ТАСС од прес службата на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Обама ќе биде во европска посета од 2 до 7 јуни, во рамките на која ќе ги посети Полска, Белгија и Франција.

Американскиот претседател беше еден од првите што го поздрави по телефон Петро Порошенко по победата на изборите во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top