Со никој од владејачкото мнозинство не сум преговарала, ниту пак планирам да преговарам. Како што веќе кажав јас останувам во опозиција и ќе ги застапувам позициите кои на јавноста веќе и’ се познати, вели пратеничката на ЛДП, Роза Топузовска Каревска, засега единствениот опозиционер кој реши да остане во Собранието за Утрински весник.
Во интервју за весникот таа вели дека останува на ставот дека пратеницитесе избрани за да работат во Собранието.
„Јас во овој момент не гледам јасна стратегија за тоа што ќе се постигне со поднесувањето на оставките до Собранието од страна на пратениците од опозицискиот блок. Не сум убедена дека дејствувањето надвор од институциите на системот ќе биде соодветен одговор во борбата за демократија наспроти режимот што го спроведува оваа власт. Мислам дека местото на народните избраници е во Собранието, каде што треба да ги застапуваат интересите на граѓаните кои ги избрале. Истото го мислев и во 2011 година кога поголемиот дел од опозициските пратеници предводени од СДСМ решија да го бојкотираат парламентот, а ЛДП, која во тој период беше опозициска партија, но настапуваше самостојно, одлучи да остане во собраниските клупи.“ – вели Каревска за Утрински
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст