Еден од главните пропагандисти на опозицијата денеска навреди висок дипломатски претставник во Македонија а неговите ментори молчат за непримерниот говор на омраза.
Молчат и странските амбасади.
Ќе се почувствува ли навреден дипломатскиот кор во земјава и ќе ги известат ли нивните земји за нападите од страна на медиумскиот експонент на опозицијата врз американскиот амбасадор.
Во своја колумна сопственикот на порталот Мактел амбасадорот Волерс го нарекува „вол“ а вработените во амбaсадата „копуци“.
Дали е тоа доволна причина странските дипломати во Скопје да побараат од владата да покрене постапка против медиумскиот јуришник на СДСМ?
Од друга страна молчат и медиумите под контрола на Сорос.
Кај нив нема информација дека вербално е нападнат и јавно понижен амбaсадор од пропагандист финансиран од истиот извор кој работи за потребите на опозицијата.
Ќе побараат ли медиумите под контрола на Сорос и СДСМ жесток одговор на меѓународната заедница кон владата во врска со нападот врз амабсадорот Волерс.
„И после сето тоа, го гледаме Волерс како се оптегнал како вол со ова џуџево бедно подло платеничко! Неверoјатно, што е следно бре амбасадоре, ќе те видиме ли и со Миленко на скара некаде како делите десетка со кромид, имате ли бре вие во амбасадата памет на кај терате и што правите бре копуци едни?!“, напиша сопственикот на Мактел по средбата на амабсадорот Волерс со уредникот на Сител ТВ Драган Павловиќ Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.