Задниот дел од автобуските постојки ќе биде од сигурносно стакло. Покривната површина ќе биде со лексан со двострана УВ заштита, оптичка проѕирност со боја на чад, а планирана е и клупа за три лица.
– Првите 50 автобуски постојки ќе бидат поставени во март и април. Ќе бидат поставени од пет до десет автобуски стојалишта во сите општини. До крајот на годината или почетокот на следната ќе бидат изработени останатите автобуски постојки во сите општини во Скопје, рече директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.