| четврток, 6 декември 2018 |

Кој му се заканувал на пратеникот Амди Бајрам во Собранието?

За време на конститутивната седница на новиот состав на Македонското собрание пратеник на ДУИ му упатил сериозни закани на лидерот на Сојузот на Ромите Амди Бајрам.

Бајрам кој деновиве е актуелен со свадбата на својот внук Амди Бајрам Јуниор добил отворена закана од колега пратеник поради неговата активност на изборите на кои најголем дел од граѓаните на Шуто Оризари гласаа за коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Бајрам засега не сака да го коментира инцидентот на кој според него биле сведоци и неколку други пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top