| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува нагорниот тренд во индустријата, во април регистиран раст од 2,2 отсто

industrija-630x289

Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во периодот јануари – април 2014 година, во однос на периодот јануари – април 2013 година, изнесува бележи пораст од 3,1 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст од 0,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8 отсто и Капитални производи за 61,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top