| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за насилник кој се обидел да обљуби 14-годишно дете

lisici-na-race-610x360

Жител на гостиварското село Долна Бањица, доби триесетдневен притвор од судија во Основниот суд Гостивар, под соменение дека извршил полов напад на 14-годишен малолетник.

Од СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, потврдија дека на И.Е (47) од Долна Бањица му е поднесена кривична пријава за „полов напад врз дете“ и „противправно лишување од слобода“.

Според СВР Тетово, настанот се случил на 24 мај околу пладне. Бањиченецот, влегол во еден од тамошните објекти и го повикал 14-годишниот малолетник, со кого од претходно се знаеле, наводно за да му помогне околу сечење дрва. Кога детето пристигнало во куќата, осомничениот ја заклучил вратата, ги соблекол панталоните и се обидел со сила да го соблече и него и да го принуди на сексуален однос. Притоа во неколку наврати и го удрил. Детето се спротиствавувало и постојано го молело да ја отклучи вратата за да замине.

Голготата на дететото според првичните сознанија на полицијата траеле речиси два часа, по што осомничениот И.Е. ја отклучил вратата и детето заминало дома. Случајот малолетникот и го раскажал на мајка си, по што бил пријавен и во полиција.

По пријавата, И.Е. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а судија вчера попладне му определил притвор  од  30 денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top