| четврток, 6 декември 2018 |

Серија земјотреси утринава го погодија Балканот

Три земјотреси беа регистрирани денеска во Северозападниот и Североисточниот дел на Турција, соопшти електронското издание на весникот „Хуриет“.

g_zemjotres-skala

Потрес со јачина од 4,5 степени во Рихтер е регистриран во 6 часот и 59 минути  во Сароскиот Залив во Егејското Море, соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили. Замјотресот бил на длабочина од 13,3 километри.

По првиот земјотрес следеле уште два вторични потреси со интензитет од 2,2 и 2,1 степен по Рихтер.

Други два земјотреси се регистрирани синоќа во окрузите Карс и Ерзурум со интензитет од 4,2 и 4,3 степени по Рихтер околу 3:03 часот.

Нов земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтер е регистриран изутрината во 5 часот и 59 минути меѓу грчките острови Лимнос и Самитраки во Егејското Море, соопшти електронското издание на весникот „Вима“.

Според институтот по геодинамика при националната опсерваторија во Атина потресот бил на длабочина од 10 километри. Нема информации за повредени и предизвикана материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top