| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ очекува најбогата жетва на пченица од 2008 година

Durum Wheat

Европската унија е на пат да ја забележи најголемата жетва од 2008 година, а на тоа му погодуваше благата зима, прогнозираат аналитичарите.

Прогнозите се дека годинашната жетва на „мекото“ жито во ЕУ ќе биде тешка 137,5 милиони тони, што би било највисоко ниво од оствареното во 2008 година кога жетвата беше тешка 139,4 милиони. Дополнително високи приноси се очекуваат и од „дурум“ пченицата. Нејзината  жетва се очекува да тежи 145 милиони тони што е шестгодишен максимум.

Добрите прогнози за европската жетва придонесоа и за намалување на  меѓународната цена на житарките во последните две недели. Цената на житарките на берзата во Чикаго се намали за девет отсто во однос на едногодишниот макисмум.

Благото време, велат аналитичарите, придонесе уште есента земјоделците да засеат поголеми површини под  жито, а посевите беа поштедени и од лагата зима. По сувата пролет, на посевите им погодуваше неодамнешниот дожд.

ЕУ покрај САД е најголем извозник на пченица во светот. Годинава САД беа погодени од остра зима и очекуваат пониски приноси  на житото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top