| четврток, 6 декември 2018 |

Москва – најлош град за туристите

rusko-moskva-1

Иако има богата историја и доминантна улога во светската политика, Москва, главниот град на Русија е прогласен за најлош град за туристите. Така избрале посетителите на една од најпознатите светски веб-страници „Трип адвајзери“.

Москва ја доби оваа титула бидејќи жителите се нељубезни, хотелите неуредни, недостасуваат шопинг-центри, а цените се многу високи.  Ова се дел од забелешките кои ги дале посетителите на страницата.

Според годишните истражувања на „Трип адвајзери“ во кои се испитани 54 илјади патници кои посетиле 37 урбани туристички дестинации ширум светот, Москва се најде на последното место во пет категории.

Во категоријата „најдобро вкупно доживување“ Москва се најде на трето место одзади на листата, на претпоследно место за гостопримство, гастро-понуда и шопинг, а убедливо на последно место е за услугите на такси-возачите и хотелите.

На оваа листа на најлоши градови за туристите се најдоа и Мумбаи и Пунта Кана, а меѓу најдобрите се Њујорк, Барселона, Истанбул, Прага, Виена, Берлин, Рим, Париз…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top