После вчерашното невреме, во Крагуевац денеска состојбата се нормализира, сите училишта работеа и нормално градот се снабдуваше со струја и вода, изјави за српските медиуми заменик командантот на Штабот за вонредни состојби, Зоран Јовановиќ.
Нагласувајќи дека се работи на средување на улиците кои брзата вода ги прекрила со камен и кал, Јовановиќ рече дека градскиот превоз се одвива по предвидениот ред на возење, и напоменува дека е оштетен асфалтот кон населбата Иличево.
Прелиминарните податоци за бројот на поплавени објекти како и други штети би требало да ги имаат утре, кога ќе заседаваШтабот за вонредни состојби – рече Јовановиќ.
Тој наведува дека вкупно 80 лица се иселени од нивните домови, кои се во понискиот дел од градот, како и дека најголем број од нив се сместени во халата „Шумадија саемот“, додека 11 од нив се во Геронтолошкиот центар.
Во Крагуевац денеска беше сончево, а во текот на вчерашниот ден, пропратен со јак дожд и удари на ветар до 60 км/ч,,во градот за два часа паднаа 53 литри дожд по метар квадратен.
Најтешка состојба и најмногу поплави имаа објекти во населбите Бресница, Иличево и Белошавац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



