| четврток, 6 декември 2018 |

Слушнете ја песната на Жељко и Даниел (видео)

Пред официјалната промоција на видео спотот за дуетот на Јоксимовиќ и Кајмакоси, слушнете ја песната за која се очекува да биде новиот регионален летен хит.

Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ вети и исполни. Во својата богата музичка кариера има само два дуети. Едниот со Дино Мерлин другиот со Харис Џиновиќ. Третиот е насловен Скопје – Белград во кој партнер по пеење му е неговиот пулен Даниел Кајмакоски.

Музиката, аранжманот и продукцијата се на Јоксимовиќ, текстот на Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза а македонскиот препев е на Магдалена Ена Цветковска. Песната е снимена во студиото на Жељко, Минакорд.

– Судбината на ѕвездите кои што ќе победат во музички реални шоуа на Балканот е таква каква што е. Но јас знаев дека приказната со Даниел нема да заврши така. Затоа и се роди дуетот Скопје – Белград. Ова е песна со брз и модерен ритам. Онаква каква што му прилега на Даниел. И знам дека ќе биде голем хит во регионот. Воедно песната е и соодветна најава на концертот кој што ќе се случи на 21 јуни. Даниел Кајмакоски и официјално е првиот гостин кој што ќе се појави на овој мој досега најголем концерт во кариерата. Задоволство ми е што ќе имаме можност заедно во живо да ја испееме и оваа но и многу други песни – изјави Жељко Јоксимовиќ.

Спотот за оваа песна се снимаше и во Скопје и во Белград. За неколку дена ќе биде и официјалната промоција на истиот. Го режираше Дејан Миличевиќ.

На 21 јуни на концертниот спектакал кој што за првпат ќе се случи откако е комплетирана Националната Арена Филип Втори, Јоксимовиќ истата песна ќе ја отпее во друштво на Кајмакоски. Освен него, најавува уште многу други гости чии имиња ќе ги соопштуваме своевремено. Влезниците се со неверојатна промотивна цена од 200 денари. А со истите, на подарок го добивате и новиот албум на Јоксимовиќ.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top