Гиљсен М. (24) од Куманово загина, а со тешки телесни повреди се здоби Ф.М. (21) во сообраќајната несреќа што се случи вчера, половина час по полноќ, на регионалниот пат Куманово-Липково во селото Оризари, соопшти полицијата.
Ф.М. од Куманово, кој го управувал „голфот“, загубил контрола над возилото и удрил во далновод. Во незгодата на самото место починала сопатничката, а возачот е повреден и од Медицинскиот центар во Куманово е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.