| четврток, 6 декември 2018 |

ТК Прилеп и „Филип Морис“ потпишаа договор за стратегиско партнерство

Во Владата на Република Македонија денеска беше потпишан договор за стратегиско партнерство меѓу компанијата „Филип Морис“ и Тутунскиот комбинат од Прилеп.

– Ова стратегиско бизнис-партнерство значи прва фаза од приватизацијата на Тутунски комбинат, а „Филип Морис“ како компанија влева доверба дека до 2015 година Комбинатот ќе ги надмине актуелните состојби, изјави неодамна директорот Александар Дерменџиев и додаде дека иако соработката е само во делот на цигарите, сепак ќе влијае врз целосната консолидација на загубарот.

„Филип Морис интернешнл“ продава цигари во над 200 земји и држи 15,6 проценти од пазарот на цигари и тутун надвор од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top