| четврток, 6 декември 2018 |

Руски министер: Не е официјално потврдено дека метеор падна во Урал

Не е докажано официјално дека која било од парчињата откриени во реонот на езерото Чебаркул во Урал, се делови од метеорит, тврди министерот за вонредни ситуации на Русија Владимир Пучков во интервју за весникот "Комерсант", пренесува РИА Новости.

На 15 февруари жителите на неколку области во Урал можеа да видат огнена топка со опашка од чад, чие паѓање беше придружено со светол сјај и страшна експлозија. Три дена подоцна експедицијата на Уралскиот федерален универзитет соопшти дека во реонот на езерото Чебаркул најдени се честички од метеорит, а хемиската анализа било потврдено дека имаат вонземско потекло. Сепак, министерот Пучков тврди дека не е така.

–       Отворените фрагменти треба да бидат тестирани од специјалисти. Само тие можат да потврдат дека тоа се честички од метеорит. Засега официјално за ниту една од овие остатоци не е примена таква потврда, вели министерот во интервјуто, кое е објавено во денешниот број на весникот “Комерсант”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top