| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца браќа загинаа во тешка сообраќајка во Србија

SOOBRAKAJKA 2

Уште една трагедија ја потресе Србија. Тројца браќа, 22-годишниот Милош, 18-годишниот Далибор и 16-годишниот Марко Милојевиќ загинале во сообраќајка враќајќи се од роденденска забава на своја другарка, која навршила 18 години.

Според податоците од српски „Курир“, рано утринава тие движејќи се со голема брзина загубиле контрола врз својот автомобил „голф 4“ при што удриле во столб. За жал, момчињата починале на самото место.

Според очевидците, возилото било пронајдено 27 метри подалеку од столбот во кој удрило, било целосно смачкано и крв имало на сите страни. Глетката била стравотна.

Семејството на тројцата браќа е скршено од болка. Мајката и таткото се завиени во тага и болка откако ги загубија трите сина во ист ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top