Непозната масовна гробница од времето на војната во Босна и Херцеговина е откриена близу градот Добој по обилните дождови и ерозијата на почвата.
Босанските медиуми соопштија дека гробницата на брегот на реката Босна случајно ја откриле електроинжинери, кои ја поправале електричната инсталација во близина на стариот мост во Добој, во североисточна Босна.
Се претпоставува дека во гробот се погребани босански муслимани од селото Јабланица, близу градот Маглај. Овие лица се сметаа за исчезнати откако силите на босанските Срби го преземаа селото во текот на летото во 1992 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.