| четврток, 6 декември 2018 |

Реал подготви награда за Рамос тешка 9 милиони евра

Фантастичниот играч на Реал Мадрид шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос посакува да остане на Сантијаго Бернабе до крајот на сезоната. Тој беше клучен играч во финалето на Лигата на шампионите во кое беше стрелец на израмнувачкиот гол во третата минута од судиското продолжение. Потоа Реал со уште три гола го дотолчи противникот и заслужено го крена пехарот.
Кралскиот клуб подготви нов договор за Рамос кој ќе тежи 9 милиони евра по сезона.

– Привилегија е да се биде дел од најдобриот клуб во светот. Се надевам дека ќе останам долго во тимот и тука ќе ја завршам кариерата. Уште од првиот ден откако дојдов овде ја чуствувам наклонетоста на навивачите и секогаш ќе бидам благодарен на тоа – изјави Рамос.

Договорот со Реал Мадрид му истекува во 2017 година, но челниците на клубот побрзаа да му понудат нов со траење од пет години и годишна плата од 9 милиони евра. Со тоа Рамос би бил трет најплатен играч во кралскиот клуб по Кристијано Роналдо (17) и Герет Бејл (10) милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top