| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени во тешка сообраќајна незгода кај Радовиш

ohrigjanec-zagina-vo-soobrakjajka-na-patot-ohrid-kichevo-147623

]Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа по 21 часот на патот Штип – Радовиш. Според податоците на Канал 5, до несреќата дошло кога се судриле автомобил „рено“ со штипски регистарски таблички, управуван од 37-годишниот Н.К., кој немал возачка дозвола и се движел во правец од Штип кон Радовиш и комби „фијат дукато“ со кавадаречки регистарски таблички, управуван од 52-годишниот С.Ј. од Кавадарци, кој возел кон Штип. И двајцата се здобиле со скршеници по екстремитетите и повреди во стомакот.

Според последните податоци, повредените биле пренесени во штипската Клиничка болница и, за среќа, се надвор од животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top