Хрватска и Србија подготвуваат договор за заштита од природни и цивилизациски катастрофи и за отстранување на последиците, а тој договор е пред потпишување, пишува денеска „Политика“.
Текстот на спогодбата е договорен на крајот на минатата година.
– Со години имаме исклучителна соработка со колегите од Хрватска, редовно разменуваме информации, а нашите тимови за одбрана имаат заеднички вежби – изјави налникот на секторот за вонредни состојби на српското МВР Предраг Мариќ.
Хрватска и Србија во иднина заедно да се борат против поплавите, е договорено и на состанокот на претставниците на Министерството за земјоделство и за заштита на животната средина на Србија и хрватското Министерство за земјоделство и за хрватски води за време на изминатиот викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.