
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека не се очекува повторно толку силно невреме како во неделата.
Денес и утре се очекува стабилизација без врнежи и претежно сончево време додека во четврток попладне ќе бидеме под влијание на влажен бран, а времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд. Во петок се очекува да има влажен бран, а времето да биде облачно додека за сабота и недела се очекува да има исто така облачно време со можна појава на локални врнежи, велат од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


