| четврток, 6 декември 2018 |

Кина ги обвини САД за „бескрупулозно“ кибернетско шпионирање

sajber

Шпионските операции на Америка преминаа далеку надвор од легитимната основа за „антитероризам“ и го обелоденија грдото лице на трагање по сопствените интереси при целосно непочитување на моралниот интегритет, се заклучува во извештајот на кинескиот центар за истражување на кибернетскиот простор.

Извештајот беше објавен една седмица откако САД обвинија петмина кинески војници за кибернетска шпионажа. Во него САД се обвинети дека извршуваат „големи кибернетски напади врз Кина“.

– Целите на американското набљудување ја вклучуваат кинеската Влада и кинеските лидери, кинески компании, научно-истражувачки институти, интернет-корисници и голем број луѓе што користат мобилни телефони – се наведува во извештајот.

Конкретно посочени како цели на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД се телекомуникацискиот гигант Хуавеи, Министерството за трговија, Министерството за надворешни работи и други. Пекинг ги обвини САД за „бескрупулозно“ кибернетско набљудување, вклучувајќи големи хакерски напади врз кинеската Влада и кинески компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top