| четврток, 6 декември 2018 |

Се гаси ХААРП!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Воената постројка на САД, системот ХААРП за кој приврзаниците на теории на заговор го обвинуваат за најголемите природни катастрофи, ќе биде изгасен, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Владата на САД изјавила дека оваа постројка што ја проучува атмосферата веќе не е потребна. Теоретичарите на заговори тврдат дека САД го користи ХАРП за модификување на времето, за онеспособување на сателитите и за контрола на човечкиот ум.
Оваа теорија придонесе да се отвори процес на сослушување во Европскиот парламент.
ХААРП ќе биде затворен по завршувањето на последниот проект кон средината на јуни, под контрола на еден приврзаник на теоријата на заговори од Агенцијата за напредни одбранбени проекти (ДАРПА).
За функционирање на овој систем годишно се потребни пет милиони долари, а неговата изградба чинела 280 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top