| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорски активисти против Депардје

g_depardje-i-miloГрупа новинари, активисти на невладини организации и други јавни личности во Подгорица се спротиставиле на намерата на Владата на Црна Гора на францускиот актер Жерар Депардје да му се додели статус амбасадор на црногорската култура

g_depardje-i-milo
Во отвореното писмо до францускиот амбасадор во Црна Гора, Доминик Газуи, таа група навела дека е несфатливо Депардје од Црна Гора да добие таква чест бидејќи ја напуштил својата земја, каде не сакал да плати данок.
Истата група негативно ја оценила постапката на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ да го прими Депардје.
Според нивните оценки, Ѓукановиќ требало да покаже солидарност со француската влада која настојува преку даночната политика рамномерно да го распореди товарот од кризата, а не да ги прима тие граѓани кои не сакаат да платат данок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top