| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме и во Белград, поплавени неколку улици (видео)

Попладнево од невреме проследено со силен дожд и град беше зафатен и главниот град на Србија.

Големите количини на дожд потопија неколку улици во Белград, поради што сообраќајот се одвива отежнато, пренесува српски „Телеграф“.

Улиците од некои делови во градот, буквално побелеле од силниот град.

За среќа невремето брзо се стишило и моментално нема никакакви материјални штети во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top