| четврток, 6 декември 2018 |

Анонимен милионер остава пари низ Сан Франциско

Жителите на Сан Францико се „жртви“ на добрите дела на непознат милионер, кој низ градот остава банкноти од по сто долари.

Очигледно станува збор за нешто што го забавува, затоа што на „Твитер“ покрена профил „Скриен кеш“ на кој објавува фотографии од местата на кои се наоѓаат оставените банкноти.

Позади целата идеја стои анонимен трговец на недвижмности, кој на овој начи сака да и врати дел од парите на заедницата што го направила богат.

– Во изминатите неколку години заработив милиони, повеќе отколку што можев да замислам, но многу мои пријатели, па дури и луѓето кои работат за мене, не можат да си дозволат скромен дом. Тоа ме натера на размислување, па решив да вратам дел од парите. Сакам тоа да го направам на еден забавен начин, изјави анонимниот милионер за „Болд Италик“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top