Шопската салата е прогласена за најпопуларно национално јадење од 28 земји -членки на Европската унија. Заедно со изборите за европратеници, на страницата на Европскиот парламент на „Фејсбук“ се гласаше и за најевропско јадење во трката „Вкусот на Европа“. Во неа беа вклучени различни егзотични рецепти од речиси сите земји во Европа.
Шопската салата освои 19.200 гласови, а неа ја презентираше Бугарија. Студената супа од цвекло на Литванија, која освои 5.000 гласа е рангирана како второ популарно јадење меѓу Европејците . На трето место се најдоа романските сарми за кои гласаа 1.185 граѓани на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
Комисијата за македонската историја тајно заседава во Софија
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби