| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕирнете од „Другата страна на прозорецот“, погледнете во светот на „Неверства и страсти“

милица

Авторката Милица Пашовска ја најавува промоцијата на нејзините две книги „Другата страна на прозорецот” и „Неверства и страсти” . Ова, како што вели таа се нејзините две првачиња. „Другата страна на прозорецот” е стихозбирка, а збирката раскази е насловена „Неверства и страсти”. За книгите ќе зборуваат Марија Митева и Моника Ставревска.

Промоцијата е закажана за петок, 30 мај, во Концепт 37., со почеток во 19 часот.

прозорецот

Виното, велат, ја опива душата го благословува телото, пулсира низ вените и го разживнува срцето – напиша м-р Ана Кондоклоцис во рецензијата за „Другата страна на прозорецот“ на Милица Пашовска.

Низ сонливото стакло и будното око, каде срцето најгласно чука, отворете ги прозорците од другата страна на животот – додава вториот рецензент Илија Мерковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top