Поезија од македонскиот поет Славе Ѓорго Димоски и директор на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, деновиве е објавена во Рига, Латвија, во специјалното издание на Меѓународната асоцијација на писатели и публицисти, која е дел од едногодишната манифестација „ РИГА – ЛИТЕРАТУРЕН КРСТОПАТ НА ЕВРОПА“.
Во публикацијата се застапени поети од 22 земји од светот кои во 2012 година биле актуелни.
Покрај Австралија, Австрија, Франција, САД, Англија, Русија, Канада, Турција, Шведска и други, во публикацијата има и дела од нашиот поет Славе Ѓорго Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.