Пет тимови од Универзитетот „Св. Апостол Павле” од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за компанијата за кондоми и производи за уживање во сексот „Дурекс“. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда.
– За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација за светски познат бренд како „Дурекс“, е искуство повеќе и предност за студентите во нивната понатамошна кариера – изјави Мерсиха Исмајлоска, координатор на проектот од Универзитетот „Св. Апостол Павле”.
Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот „Дурекс# и ќе биде достапна за симнување на AppStore и Google Play на локално ниво.
“Брендот “Дурекс” на глобално ниво секогаш изненадува со интересни и интерактивни содржини за мобилните корисници. Така и овојпат, нашата цел е во соработка со студентите од Универзитетот “Св. Апостол Павле” да креираме производ кој ќе биде интерактивен и забавен за сите корисници на национално ниво, кој истовремено има едукативна компонента. Финалното решение наскоро ќе биде достапно и се надеваме дека ќе ви се допадне” – изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, генерален застапник за брендот Дурекс” во Македонија.
Натпреварот ќе трае до 15 јуни, по што ќе бидат прогласени победниците и апликцијата ќе биде поставена за македонските корисници да може да ја симнуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.