Министерот Миле Јанакиески кој раководи со Кризниот штаб изјави дека засега нема пријави за поголеми штети и повредни лица, но дека ситуацијата се следи и граѓаните можат да се јавуваат на отворените линии во министерството за транспорт и врски и министерството за внатршени работи работи.
„Во контакт сме со ЕВН, мал дел од трафостаниците се во дефекти кои се отстрануваат. Постојано сме во координација. За сѐ што има ново ќе информираме. Сакам да апелирам секој што е загрозен да пријави на телефоните“, рече Јанакиески.
Отворени телефони за граѓаните за пријавување на непогоди предизвикани од поплавите во Скопје – 02 3073010, 02 3297295, 02 3297204.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.