| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Очекуваме брзо да се справиме со кризата

Nevreme skopje (1) (Custom)Пред малку заврши вонредниот состанок на Оперативното тело на Град Скопје за справување со непогоди, на кој присусвтвуваа сите директори на јавните претпријатија, претставниците на екипите за спасување, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски,Миле Јанакиески.

Градоначалникот Трајановски вели дека на состанокот биле дефинирани сите критични точки во градот Скопје и екипите за спасување веќе се на терен, каде ги излекуваат граѓаните и автомобилите кои беа заглавени во поплавата која вечерва ја зафати метрополата.

Како најјкритични точки, Трајановски ги посочи булеварот под Стоковната куќа мост, каде има поплавени автомобили, како и Крњево и булеварот „Киро Глигоров“, каде водата навлегла во подрумските простории на куќите.

– Сите расположливи средства, луѓе, цистрерни и пумпи се на терен. Очекуваме брзо да се справиме со оваа криза, рече градоначалникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top