
Нема да има поголеми промени во поглед на времето ни во понеделник Повторно денот го почнуваме со сончево време, потоа следува малку поспарен дел од денот, а попладнето носи и нестабилност со дожд и грмежи во поголем дел од земјата. Сепак, повторно станува збор за локални атмосферски процеси. Најмала веројатност за врнежи ќе има во централниот регион.
Минималната температура во поголем дел од Македонија како и претходните денови ќе има вредност околу 12°С.
Максимална температура околу 27°С се очекува во котлините во западниот регион, и околу 28°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална до 31°С.
Во Скопје се очекува претежно сончево време претпладне, а попладне ќе има развој на облачност која ќе донесе услови за врнежи кои повремено и локално ќе бидат поинтензивни. Минималната температура ќе има вредност околу 12°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 29°С.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


