
Поплавено и Дебар Маало. На улицата „Ѓорги Пешков“ каде неодамна се сечеа дрвја остана под вода. Поплавени се дел од куќите.
-Улицата почна да се полни со вода, водата почна да навлегува во куќите. Ги отворивме шахтите, по што водата почна да се повлекува. Очигледно истите беа запушени од градежниот шут од градежните активности. Откако ги отворивме шахтите водата се повлече. Но веќе ни беа поплавени домовите- велат жителите.

Ова е улицата на која на почетокот на месецот од страна на Општина Центар беа исечени дрвјата и се започна со градежни активности за урбанизација на општината. Но се чини дека сметот од активностите не завршил онаму каде што му е место.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


